БоксПрофесионален

Кети Тејлор е пред пензија – но прошталниот меч на Крок парк не е исклучен

Откако ја заврши трилогијата со импресивна победа над Аманда Серано на 11 јули во преполниот Медисон сквер гарден, 39-годишната Кејти Тејлор можеби се приближува кон крајот на својата легендарна боксерска кариера.

Сепак, светската шампионка во две категории би можела повторно да влезе во рингот – овој пат пред домашна публика во легендарниот Крок парк во Даблин.

Нејзиниот промотор Еди Херн откри дека иако Тејлор сигнализирала оти размислува за пензионирање, идејата за голема проштална борба во Ирска не е напуштена. „Борбата со Серано беше првиот пат кога ја слушнав Кејти да зборува за „дали“, а не за „кога“ повторно ќе се бори“, изјави Херн за „Ринг“.

„Мислам дека е важно да се пензионира во вистинско време. Да се распродадат сите билети во Медисон сквер гарден, да се добијат милиони гледачи на Нетфликс и да се затвори трилогијата со Серано – тоа е совршениот крај. Но, би било исто толку одлично да се има проштална претстава пред 82.000 фанови во Крок парк“, додаде тој.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON