Кел Брук го нокаутираше Кевин Бизие и докажа зошто е „Специјалниот“ (ВИДЕО)

Kel Bruk i Kevin Bizie

Кел Брук – Специјалниот (Англија), додаде уште еден доказ за својот прекар откако го нокаутираше за само две рунди официјалниот кандидат за титулата на Меѓународната боксерска федерација во полусредна категорија, Кевин Бизие (Канада).

Шампионот беше импресивен во рингот пред своите сограѓани во Шефилд. Уште во почетокот на втората рунда лицето на Канаѓанецот беше претворено во крвава збрка. Секавичните комбинации не му допуштија никаква шанса на Бизие.

Брук ја забележа 36 победа (25 со нокаут) од 36 натпревари. По средбата посака да се бори во обединувачки меч со шампионот на Светскиот боксерски совет, Дани Гарсија или со победникот од натпреварот меѓу Тимоти Бредли и Мани Пакијао.

https://youtu.be/wVdE_SlUebo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО