ЏК Дрим„фабрика“ за шампиони – 5 шампиони на Државното првенство

Drim dzud DP Prilep 2016

Џудистите на Дрим од Струга на Државното првенство за кадети и деца во Прилеп освоија 9 медали – 5 златни 2 сребрени и 2 бронзи.

Со медали се закитија: Андреј Јовчески -22 кг, Анамарија Стојмиловска -21 кг, Берин Шабоски -42 кг, Стефан Попоски -46 кг и Андреј Чакаровски -81 кг освоија златни медали, а Марко Донески -30 кг и Вилијан Павловиќ -42 кг се сребрени, додека Јаков Јовчески -22 кг и Прентоски Андреј -38 кг обезбедија бронзени медали.

Иако не освоија медали Христијан Тодев, Кхалид Салиоски, Божидар Донески, Јаков Блажески, Никола Ончев оставија одличен впечаток.

„Со овие резултати ЏК Дрим уште еднаш покажа дека е апсолутно доминантен во младите возрасни категории и клуб „фабрика“ за изградба на идни шампиони“, велат од ЏК Дрим.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО