Кеикс настапот на турнир го замени со подготовки на Попова Шапка (ФОТО)

Карате клубот Кеикс го откажа настапот на меѓународен турнир во Сараево поради пандемијата на Ковид-19, но замина висински подготовки на Попова Шапка.

„Откако се донесе одлука да оваа недела да не учествуваме на натпреварот во Сараево поради зголемениот ризик од ширење на вирусот на Ковид-19 се одлучивме за подготовки на Попова Шапка, а нашата база е хотелот Арена. Здравјето е наш приоритети број еден, така планираната активност овој викенд ја преместивме на планина каде се подготвуваме кондиционо. Секако, ние редовно се подготвуваме и очекуваме да се создадат услови за натпревари“, велат тренерите Елвир и Самир Куртановиќ.

Мевлуд Мемеди, Бериз Куртановиќ, Јусра Адеми, Ангел Митев, Салма Куртановиќ, Арта Буши и Векас Куртановиќ се првиот тим Кеикс кој успешно ги завршија подготовките. На подготовки активно се подготвуваше и членот на КК Металург, Александар Неделковски, од клубот се заблагодаруваат за укажаната чест од репрезентативецот.

„Ова се првите од неколкуте планирани подготовки кои се во план и програма на нашиот клуб, а кои имаат за цел да го подигнат моралот, тимскиот дух и, се разбира, физичката подготвеност на нашите натпреварувачи. Во оваа прилика сакам да им се за благодарам за исполнувањето на сите зададени задачи во делот на тренингот. Продолжуваме каде што застанавме за да го постигнеме планираното“, велат тренерките на Кеикс.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО