Казна од 10 милиони долари за Усик и Фјури доколку повторно не успее борбата

По огромното разочарување од неуспешната борба за февруари, желбата на Тајсон Фјури се исполни и неговата борба со Александар Усик доби нов датум.

Подготовката на двајцaта тешкаши ќе трае долго. Наместо на 17 февруари, Усик и Фјури ќе тренираат до 18 мај, откако нивната средба пропадна. Несреќниот лакт го остави британскиот боксер со благ потрес на мозокот и неколку конци. Ова ги разочара сите страни, но Арапите веќе смислија начин да ги мотивираат двајцата да не ја зафркнат борбата повторно.

Турки Алалшик рече дека ако Фјури или Усик се повлечат за борбата во мај, тогаш ќе загубат 10 милиони долари од нивниот хонорар.

„Не, тоа не е навистина фикција, само несреќен пресврт на настаните. За жал, Тајсон се повреди на една од последните спаринг сесии, но секако не сакаше да се откаже од борбата, напротив, со нетрпение ја очекуваше.

Се заколнавме дека ќе ја дадеме оваа монструозна битка на народот и ќе ја дадеме. Ако мислев дека некој е исплашен, немаше да си го губам времето правејќи го овој меч. Осигурени сме и дека ако некој од борците се откаже, ќе биде казнет со 10 милиони долари.

Ако отпадне Усик, ќе му договорам дуел на Џошуа со Фјури. Ако Фјури отпадне, ќе му го дадам на Усик противникот што го сака. Публиката едноставно нема да го пропушти епското шоу“, рече промотерот од Саудиска Арабија, Турки Алалших.

Да се ​​надеваме дека нема да има повеќе изненадувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyson Fury (@tysonfury)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО