Катерина Николовска доби шанса од МОК, но таа треба да се искористи!

KATERINA-NIKOLOSKA-624x490

Катерина Николоска е првата македонска џудистка која доби можност да настапи на еден гранпри-натпревар и тоа на турнирот во Самсун (Турција) каде што ќе учествова во категоријата до 63 килограми.

Станува збор за натпреварување од највисок ранг, каде што освоените бодови се сметаат во бодирањето за постигнување олимписка норма. Во Самсун, викендов ќе учествува светската елита во овој спорт, а прв противник на Николоска ќе биде искусната Франсен Џул од Холандија.

Со помош на Македонскиот олимписки комитет (МОК), македонската џудистка учествуваше на тримесечни подготовки во Хрватска, каде што добар дел од трениинзите ги спарингуваше со најуспешната хрватска џудистка Барбара Матиќ. Николоска освои и трето место на контролниот турнир Загреб Опен и зеде учество на Европскиот Куп во Сараево, како и во Бугарија.

Но за жал, на овие неколку конктролни турнири таа беше поразена во првото коло. На Николовска ќе и требаат големи напори ако сака да оди на Олимпијада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО