Катерина Николоска судеше на Гранд при џудо турнирот во Загреб – дел од светската ИЏФ турнеја

Македонската џудо судијка Катерина Николоска викендов беше дел од Гранд при турнирот во Загреб, како дел од светската ИЏФ турнеја.
На овој престижен турнир учествуваа повеќе од 400 натпреварувачи од целиот свет. Нашата Катерина повторно одлична– со извонредно и прецизно делење на правдата, секој ден судеше во финалниот блок, што е огромна чест и признание за нејзината работа.

За Катерина, ова беше уште еден значаен турнир во рамките на светската тура оваа година, со кој ја заокружи судиската сезона со две големи достигнувања:
-стана дел од светската судиска ИЏФ турнеја
-го судеше своето прво светско првенство

Таа во текот на оваа година правдата ја делеше и на два од четирите големи настани организирани од Македонската џудо федерaција: Европското кадетско првенство и Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје
„Горди сме на нејзиниот успех, кој е успех за македонското џудо и со нетрпение ги очекуваме новите предизвици во 2026“, истакнуваат од Џудо федерацијата на Македонија!



