Катерина Николоска против Ханим Хусеинова во џудо на Европските игри!

Katerina Nikoloska

Џудистката Катерина Николоска (- 63 кг) е последната спортистка која ќе настапи на Европските игри во Баку, Азербејџан, од боречките спортови.

Таа утре ќе се сретне со Ханим Хусеинова (22 години)од Азербејџан. Хусеинова во 2015 година имала  пет борби оваа година со биланс 2 победи и 3 порази.

Николоска годинава настапи на пет турнири и не ја почувствува сласта на победата. Ако ја помине Хусеинова, во второто коло ја чека светската првенка од 2014 година, Кларис Агбегноу од Франција.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО