Катерина Николоска е првата ИЏФ континентална судијка од Македонија

Олимпијката Катерина Николоска изминатиот викенд, за време на Европскиот џудо куп за јуниори во Прага, Чешка, го положи судискиот испит за ИЏФ континентален судија.

Така, Македонија и Џудо федерација на Македонија (ЏФМ) добија уште еден судија, втор по ред во овој ранг, а женски судија во џудо.

Со оваа лиценца Николоска, која беше првиот џудист од Македонија на Олимписките игри во Рио 2016 година, ќе ја претставува нашата земја и македонското џудо во светски рамки.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО