Шогун: За жал, секогаш не го добиваме она што го сакаме!

Маурицио Руа во Хамбург за 89 секунди загуби со нокаут од Ентони Смит.

Легендарниот победник на Гран-прито на Прајд и поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија со 29-годишниот Американец влезе со серија од три победи и се споменуваше како потенцијален следен ривал на Даниел Кормеир.

Пред оваа позитивна серија 36-годишниот Бразилец беше 1-4 во претходните пет борби.

„За жал, не секогаш ги добиваме резултатот што го сакаме и разбирањето на тој факт е дел од животот. Му честитам на Ентони Смит, толку пати славев јас, така што сега не можам сега да му скратам неговите заслуги. Се посветив, тренирав напорно и направив се што е во моја моќ за оваа борба, но беше подобар. Животот продолжува, ви благодарам на поддршката“, објави преку Инстаграм.

Руа (25-11) има 9 победи и 9 порази во УФЦ.

https://www.instagram.com/p/BlkFiEgl_ss/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО