Ката тимот стана најдобар на Балканот преку европскиот првак (ФОТО)

Kata tim poziranje

Ката тимот на Македонија во состав Пуликсенија Јованоска, Маријана и Мишела Димоски се балкански шампиони.

Kata tim radost finale

Тие во полуфиналето го совладаа европскиот првак Турција со 4-1, а во финалето беа убедливо подобри од составот на Србија и славеа со 5-0.

Ова е голем успех за овој млад состав, кој во последно време бележи само успеси. Мора да се нагласи дека Маријана во овие два дена настапуваше со температура.

Ова е третиот златен медал за Македонија на Балканското првенство. Вчера златен медал освои Енес Смаилагиќ, а Адил Мехмед сребрен, додека денеска прво Емила Палов триумфираше, па потоа и ката тимот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО