Емил Павлов го освои вториот златен медал за Македонија (ФОТО)

Emil Pavlov slavi BP 2016

Емил Павлов е владетел на Балканот. Во финалето во категоријата до 60 килограми на Балканското карате првенство за сениори со 4-1 славеше против турскиот каратист Ејуп Гулер.

Emil finale borba BP

Емил беше сигурен во себе и постепено ја градеше победата, поведувајќи со 1-0, па со 2-0, а противникот намали на 2-1, но Павлов не дозволи изненадување и до крајот владешее со борбата. Тој зголеми на 3-1, а потоа ина 4-1.

Така, Емил Павлов го освои вториот златен медал на Балканскиот шампионат за Македонија.

Во првата средба Павлов го совлада турски репрезентативец, Океш Тасоглу, 3-0, потоа Милош Џаковиќ од Србија со 4-1, а во полуфиналето вториот Турчин, Ерај Самдан со 1-0.

emil i pece po pobedata bp

Мартин Стојменов (-60 кг) може да жали што наивно загуби за бронзениот медал со 1-0 на 15 секунди до крајот од Косовецот Оргес Арифи. Инаку во првата борба во репасажот го доби доста убедливо  Марко Антиќ од Србија со 3-0, а во првото коло истао така поразот дојде на крајот Ејуп Гулер со 1-0. Сепак, ова се негови први натпревари во сениорска конкуренција и служат за собирање искуство.

Горан Николовски (-60 кг) имаше една победа и еден пораз. Го победи Иван Крижанац од Босна и Херцеговина со 2-0, а загуби 0-2 од Турчинот Ерај Самдан. Шабан Муртиши на изјаснување го победи Србинот Александар Лекиќ по резултат 1-1, а потоа беше поразен од Оргес Арифи со 2-0.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО