Адил Мехмед: Очекував медал,но не и финале! (ФОТО)

Adil so medal na BP 2016

Адил Мехмед освојувач на сребрениот медал на Балканското првенство за сениори во категоријата до 67 килограми, можеби не беше вбројуван во фаворитите во оваа категорија, бидејќи е најмлад во репрезентацијата.

Adil na piedestal BP 2016

„Очекував дека ќе освојам медал, но не се надевав на финале. Тренирав напорно претходниот период за сите натпреварувања. Научив од грешките што ги направив и со малку среќа успеав да влезам во финале“.

До финалето Адил се бореше многу сигурно и напаѓаше, но решавачката битка излезе со нова тактика.

„Натпреварувачот од Србија беше многу поискусен и мораше да водам позатворена борба. Немаше простор за грешки“.

Adil i mirce so medalot na bP 2016

Иако Стефан Јоксиќ беше поискусен натпреварувач, сепак и тој борбата ја доби речеиси со еден среќен поен.

„Според многумина, тоа не беше поен. И тој имаше респект спрема мене, бидејќи претходните борби ги добив со 13 освоени поени и ниту еден изгубен“.

Enes i adil so pece i ostanati na BP 2016

Мехмед со ова го најави своето влегување во сениорската репрезентација за ЕП во Монпелје.

„Се надевам дека на претстојните кола од Карате 1 Премиер лигата, кои ќе бидат одлучувачки, ќе бидам успешен и уште толку ќе зголемам бодовната разлика во одонос на конкурентите“.

Enes i Adil so medalite

Следни настапи го очекуваат на Светскиот куп во Лашко – Словенија и Премир лигата во Салзбург-Австрија, каше што очекува добри палсмани.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО