Карате клубот Форца со седум каратисти освои 14 медали на Меѓународниот турнир „Ѓургевац опен 2015“ во Хрватска, 6 златни, 2 сребрени и 6 бронзени.
На турнирот учествува 616 натпреварувачи од девет земји: Македонија, Хрватска, Словенија, Бих, Турција, Србија, Унгариа, Албанија и Чиле.
Со златни медали се закитија: Арта Буши- 2005 г. – кати, Јусра Адеми 2004 г.-кати, Сухејб Весели 2006 г.- кати, Абдурахим Идризи, две злата- млади кадет и кадети-кати, Сајра Морина -55 кг кумите. Сребрени медали освоија: Сухејла Исаки 2004 г. -32 кг и Верона Ајдини кадети -47 кг-во борби.
Арта Буши -36 кг, Јусра Адеми -44 кг, Сухејла Исаки во кати, кумите – Абдурахим Идризи -41 кг, Сајра Морина – 54 кг и женскиот тим во состав Арта Буши, Јусра Адеми и Сухејла Исаки во кати освоија бронзени медали.
Абдурахим Идризи повторно имаше забележителен настап, бидејќи ги освои златните медали во кати и во категоријата за помлади кадети (12-13 год) и во кадети (14 -15 год), при што треба да се има во предвид дека медалите се освоени во мошне силна конкуренцијата во двете категории. Противници му беа државните прваци на Словенија, браќата Хартл, државниот првак на Хрватска Кошчевиќ, турскиот бронзен каташ Ерен и други. Покрај тоа, тој настапи и во борби во помлади кадети -41 кг, при што во силната конкуренција и заморот, мореше да се задоволи со бронза. Треба се спомене дека вториот меч го загуби на „хантеј“ (прегласување) при нерешен резултат, потоа преку две побдеи во репасажот стигна до медалот.
Форца е прогласен за најуспешен тим во кати на „Ѓургевац опен 2015“.
ipon.mk/В.Д.