Картис Блејдс по убедливата победа над Крис Докас го прозва Миочиќ (ВИДЕО)

Кaртис Блејдс ја постигна својата втора победа во низа. Американскиот ММА борец со прекин за 17 секунди од втората рунда го победи сонародникот Крис Докос на настанот УФЦ Фајт најт 205 во Нејшнвајд арената во Колумбус.

Тоа беше негова 16-та победа во кариерата, а подготвен е да оди чекор понатаму во тешка категорија

Победата против Докос го зацврсти неговото место на врвот на дивизијата, веројатно ставајќи го во шанса за меч што му гарантира позиција на предизвикувач.

„Мојот следен противник би можел да биде Сирил Гане, кој последен имаше шанса да се бори за титулата. Победата против него треба да ми даде шанса да се борам за титулата. А истото треба да се случи и ако се борам со Стипе Миочиќ“, рече Картис Блејдс и продолжи да го фали американско-хрватскиот борец:

„Стипе е G.O.A.T., тој е најдобар на сите времиња во тешка категорија на УФЦ. Искрено, заслужи реванш. Но, ако тој е подготвен да ризикува и да се бори со мене, а јас го победив, тогаш тоа е исто. Со победа против Миочиќ или Гане треба да го добијам местото на предизвикувач“.

На уште еден интересен настан на УФЦ мексиканската воинка Алекса Грасо ја победи Џоан Вуд од Шкотска во првата рунда со завршница (задушување од позади).

Резултати од УФЦ Фајт најт 205:
Картис Блејдс – Крис Докос – ТКО, Р2 (0:17)
Алекса Грасо – Џоан Вуд – завршница (задушување од позади), Р1 (3:57)
Брајан Барберена – Мет Браун – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Каи Кара-Франс – Аскар Аскаров – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Нил Мањи – Макс Грифин – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Марк Диакизе – Вјачеслав Боршчев – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)

Воведни борби:
Сара Мекман – Керол Роса – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Крис Гутиерез – Данаа Батгерел – ТКО, Р2 (2:34)
Алијашхаб Хизриев – Денис Тиулиулин – тех. завр. (давење од позади) Р2 (1:58)
Манон Фиорот – Џенифер Маја – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Матеус Николау – Давид Дворжак – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Луис Салдања – Бруно Соуза – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО