Андреа Нисева го освои бронзениот медал на Првенството на Бугарија

Андреа Нисева го освои бронзениот медал во борење до 15 години на второто Првенство на Бугарија. Таа на првото беше прва.

„Ова е прв пораз на Нисева во нејзината кариера, пораз кој тешко го прифати. Сепак, патот до врвот е трнлив, суров и тежок, успеваат само најупорните, најиздржливите, најхрабрите“, вели претседателот на БК Олимпија Мрајан Атанасов и додава:

„Имаше четири борби во најсилната, најквалитетната и најбројната категорија на првенството. Првата борба беше со Весела Костова од Перник. Во квалитетна борба извојува заслужена победа, а во второто коло се сретна со Ирена Пеева од Бургас која ја победи со туш, додека во третото се сретна со Дајана Стојчева од Стара Загора, каде по повеќе од десетминутна борба со многу прекини неколку спорни ситуации беше поразена и во борбата за третото место од големиот гнев што го собра од поразот ја декласираше за триесетина секунди Симона Маринова од Шумен.

Севкупен впечаток од ова првенство е дека сме на правиот пат. Сега следува опсежна анализа на изгубената борба, слабите точки и неискористенита шанса да ја тушира и секако го очекуваме следниот дуел со истата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО