Ебани Бриџис, професорка по математика, стана светска боксерска шампионка во ИБФ (ВИДЕО)

Ебани Бриџис успеа да ја освои светската шампионска титула во бантам категорија во ИБФ верзијата. Австралијанката, во борбата за титулата со едногласна одлука по 10 рунди ја победи Марија Роман од Аргентина.

За Бриџис ова беше деветти меч во прифесионалната боксерска кариера и се закити со шампионскиот појас.

Атрактивната професорка по матекатика ја доби довербата од сите тројца судии. Едниот гласаше 100:91 во бодови, додека останатите двајца имаа 97:93 во корист на новата светска шампионка.

„Горда сум и пресреќна. Жртвував сè и на крајот тоа се исплатеше. Овој појас го покажува вистинското жртвување. Тешките тренинзи на крајот се исплатија. Ова беше одличен меч и противникот беше на ниво“, рече Бриџис која во кариерата сега има осум победи и само еден пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО