Каратистот Емил Павлов е полуфиналето на Европските игри!

Emil so francuzinot na EI

Емил Павлов е во полуфиналето на Европските игри во Баку, откако во неговата група го освои второто место. 
Павлов во првата борба со Евгениј Плахутин од Русија се бореше од дистанца и поради тоа борбата заврши со нерешен резултат 0-0, додека во второто коло тргна поагресивно против Французинот Агуџил Софијан и обезбеди сигурна победа 2-1. Во третата борба против Србинот Марко Антиќ исто така се бореше нерешено 0-0, но тоа му беше доволно за пласман во полуфиналето, каде што ќе се сретне со Фирдовси Фарзалиев (Азербејџан), кој беше прв во другата група. Финалето е на распоред во 12:58 по македонско време.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО