Каратистите утре ги чекаат противниците, борачите комплетни! (ФОТО)

Karatisti podgotovki vo Baku

Македонските натпреварувачи ги направија првите тренинзи на Европските игри во Баку, сега се очекуваат мерењата и жребката за каратистите и борачите.

karatisti baku EI

Марин Несторовски и Емил Павлов утре го имаат официјалното мерење, а ќе бида познати и нивните противници по жребувањето. Емил првиот настап ќе  го има во сабота, а Мартин во недела. Тие се подготвуваат во Кристал хол, каде што се одржа Евросонгот, по програмата на тренерот на репрезентацијата Петар Белистојановски. Оваа сала има три помали сали за карате, таеквондо и мечување.

Pesko na EI

И борачите ги започнаа тренинзите во комплетен состав, бидејќи во Баку на останатите им се придружија Тимур Хамикоев и Халил Зубаиров со тренерот и селектор во грчко-римски стил Љубиша Пешко. Селекторите Пешко и Лулзим Вренези, како и Николај Корнеев и Гајдар Гајдаров, ги мотивираат нашите борачи да влезат што посамоуверени на душекот и да освојат медал.

Timurt Hamikoev na EI

Cedo i Bogoevski na EI

Сите очекувања на нашата јавност, но и на Македонскиот олимписки комитет (МОК) и федерациите, се свртени кон каратистите и борачите, како можни освојувачи на медали, иако нивните турнири се исклучително силни.

borenje tereni EI

Kristal hol na EI

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО