Форбс: Мејведер е најплатениот спортсит во светот, пред Роналдо и Меси!

Mejveder zagrizen

И според престижниот економски магазин Форбс, кој редовно објавува листи на најбогатите луѓе во светот, така и за спортистите, актуелниот светски првак во велтер категорија, Флојд Мејведер, е убедливо прв на листата на најплатени спортисти.

Тој минатата година заработил неверојатни 300 милиони евра, двојно повеќе од неговиот противник во „мечот на столетието“ Мани Пакијао, кој заработил 160 милиони евра. На третото и четвртото место се најдобрите фудбалери во светот во моментов Кристијано Роналдо (79,6) и Лионел Меси (73,8), а петти е Роџер Федерер со 67 милиони.

Првата десетка ја комплетираат Леброн Џејмс (64,8), Кевин Дјурент (54,1), Фил Микелсон (50,8), Тајгер Вудс (50,6) и Коби Брајант (49,5).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО