Марјан Ангелески ќе се бори во Будва под надзор на славниот Федор Емилијаненко!

Marjan Angleski mma

Идниот месец, на 27 јули, Марјан Ангелески има професионална ММА борба во Будва, Црна Гора, на Монтенегро фајнал чемпионшип (МФЦ) против…

Ангелески (1993 г.) е млад натпреварувач од Охрид кој настапува за ММА кик боксинг клубот Фајт клуб мастер од истоимениот град. Иако во детството почнал да тренира фудбал, сепак , дошла до израз неговата љубов кон боречките спортови. Така, почнува да се занимава со кик боксот и тоа многу успешно, бидејќи три пати е сениорски првак на Македонија. Со една победа и еден пораз го одбележува настапот за кик бокс репрезентацијата на Македонија на Кроација опен во Хрватска. Во кикбоксот имал 30 борби при што имал 28 победи и 2 порази. И овој предизвик му бил малку, затоа почнува да тренира ММА, а тоа веќе го прави околу година и шест-седум месеци.

Marjan angeleski mma borba

Досега има две профисионални борби, при што забележал една победа и едедн пораз. Настапува во Европа ММА лигата, како дел од Тим Македонија, каде што минатата година во Загреб се борел против Матеј Шурин од Словенија и бил поразен. Сепак, првата борба му е во Велес и ја добива.

Ми се допаѓаат мешаните боречки вештини и обожувам адреналин, – вака ја започува својата приказна Ангелески за тоа како почнал да се занимава со ММА.

Кој или што те заинтересира за ММА?

-Додека имав кик бокс настапи го следев УФЦ, па така си реков ајде да пробам и ММА, затоа што ми се допаѓа овој спорт. Почнав и ми тргна.

Marjan Angeleski mma 3 plakat

Кој те воведе во тајните на ММА?

-Тоа е Саша Поповски, таековндо мајстор. То ј ме праша дали сакам да пробам? Формираше ММА репрезентација, а по некое в реме добивме покана од ММА Европа лига. Како репрезентација имавме меч на турнир во Велес, минатата година, каде што имаше натпреварувачи од Турција, Хрватска, Словенија и Италија, нашиот тим заблежа две победи и еден пораз.

Која е целта на ММА Европа лига?

-Креирање на борци идни ѕзвезди во ММА од Европа.

Кога е твојата наредна борба? Marjan Angeleski mma 2

-Имам меч на 27 јули во Будва, Црна Гора, на МФЦ настанот.

Против кого ќе се бориш?

-Против еден од најдобрите тешкаши во регионот, Радосав Јоксимовиќ од Србија. Борбата е во три рунди од по пет минути.

Што знаеш за него?
-Знам дека добро работи. Нема да е лесно, но ќе дадам се од себе да го победам.

А, што ќе му порачаш на Јоксимовиќ?

-Да се подготви добро, оти нема лесно да си помине.

Како се подготвуваш за овој меч?

-Се приближувам кон целта и гледам што подобро да се подготвам и физички и тактички.

Дали охриѓани сакаат ММА?

-Во Охрид нема многу активни спортисти во овој спорт. И брат ми Никола е дел од овој спорт, кој пред две недели имаше борба на настанот „Никшиќ фајтинг чемпионшип“, а со малку среќа можеше да победи. Но, не застануваме тука одиме понатаму и очекуваме поголеми борби.

Нашата цел е да го подигнеме ММА спортот на повисоко  ниво во Охрид и Македонија и да стане поатрактивен.

А која е твојата цел во ММА? Marjan A kik boks

-Да го освојам шампионскиот појас на „Фајт алијанс продакшн“ во Русија, која ја има и во Казакстан, каде што ќе учествува и Дејан Стефановски од Велес. Исто така и Стефановски, како и брат ми, настапи на „Никшиќ фајтинг чемпионшип“ и забележа победа против еден од најдобрите борци Александар Јанковиќ од Србија, а со тоа покажа дека во Македонија има добри ММА борци.

Што посебно те мотивира за оваа борба во Црна Гора?

-Оваа борба му ја посветувам на мојот починат татко, Милчо Ангелески, кој ми беше голема поддршка за да успеам во спортот. Тој ми беше најголемиот критичар, но и менаџер.

Покрај Ангелески, на настанот во Будва ќе учествува и Игор Петков (-73 кг), а на самиот турнир ќе учествуваат многу познати имиња како: Игор Покрајац-УФЦ шампион, Игор Покрајац, Ивица Терор Трушчак, Васо Бакочевиќ и други.

Промотор Монтенегро фајнал чемпионшип (МФЦ) е легендарниот ММА борец, Федор Емилијаненко.

Ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО