Каратистите на Макпетрол ќе учествуваат Карате 1 лигата за младинци во Пореч

Шестмина каратисти на Макпетрол викендов ќе учествуваат на турнир од Карате 1 лигата за младинци во Пореч, Хрватска. На овој силен меѓународен собир, којшто почнува утре и ќе трае до втори јули, се пријавени 3.193 спортисти од 72 држави.

Претставниците на Макпетрол долго се подготвуваа за ова натпреварување и отпатуваа за да ја проверат својата форма преку соочување со спортисти од целиот свет. Оваа Младинска лига е највисоко рангирано првенство од Светската карате-федерација (ВКФ).

За Пореч отпативаа: Јована Мицовска (постара јуниорка, У21, -61 кг.), Викторија Јовановска (постара јуниорка, У21, -61 кг.), Стефан Стојановиќ (постар јуниор, У21, +84 кг.), Витомир Трајковски (постар јуниор, У21, -84 кг.), Димитар Лозановски (постар јуниор, У21, -75 кг.) и Данило Божовиќ (постар јуниор, У21, -84 кг.).

На овој натпревар спортистите ќе ги предводи тренерот Петар Заборски.

Инаку, Македонија ќе настапи со 30 каратисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО