Каратист и брејкденсери се направија крш во МТВ!

Brejdenserite i Idrizi

Што ќе се случи кога на едно место ќе се најдат брејкденсери и каратист?!

Една таква средба се случи во просториите на МТВ меѓу поранешниот балкански шампион Абдурахим Идризи и членовите на групата „Kings krew“.

Кршење имаше од двете страни!

Брејкденсерите се заинтерсираа за каратетото, за да го вменат во своите настапи, а нашиот карате шампион тоа најдобро им го објасни. Вработените во МТВ имаа можност да уживаат во едно несекојдневно шоу.

Инаку, дечките се од Tирана, Албанија, и постојат од 2011 година. Играат брејк дејнс и хип-хоп. Тие се едни од најдобрите на Балканот, а таков впечаток оставиле и на годинашниов Баскер фест во Скопје, а на натпревар во Грција трети.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО