Каратеева – петкратната европска шампионка во кик бокс е пронајдена мртва

Дијана Каратеева – петкратната европска шампионка во кик бокс е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Абакан, Хакасија, објави руската новинска агенција ТАСС.

Според првичните вести, причина за смртта на 23-годишната руска спортистка е труење со јаглерод моноксид.

„Дијана Каратеева беше пронајдена во нејзиниот дом без никакви знаци на живот. На 16 септември беше пронајдена од пријатели кои повикаа итна помош“, соопштија тамошните власти.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО