Карате тренинг со репрезентативците на Специјалната Олимпијада на Македонија во Карате клубот Центар (ФОТО)

Во четвртокот се одржа прекрасен заеднички тренинг во Карате клубот Центар предводен од поранешната репрезентативка Сања Николиќ и Бојан Богдановиќ со репрезентативците на Специјалната Олимпијада на Македонија. Сенсеи Зоран Пејов од КК Пејов беше  специјален гостин на тренингот.

Тренингот е дел од проектот „Спорт за општествена акција“ за градење капацитети, финансиран од Европската унија под програмата Еразмус +, а имплементиран од Младински сојуз -Крушево.

Главна цел на проектот е да се подигне капацитетот на вклучените организации за промовирање на социјална инклузија и волонтерство преку спроведување спортски активности и услуги директно вклучувајќи млади луѓе со интелектуална попреченост и да се користи спортот како двигател за социјалната инклузија.

Во проектот се вклучени партнери од Македонија, Романија, Грција и Словенија. Во наредните 12 месеци, Младински сојуз – Крушево, како водечка организација заедно со партнерските организации од Романија (ЕуроДЕМОС), Грција (ИнтерАлиа), Специјалната Олимпијада од Словенија и Специјалната Олимпијада од Македонија ќе реализираат транснационални активности и активности на национално ниво. Ќе се одржат дебати (тркалезни маси) и ќе се развиваат иновативни практики како Инклузивно волонтерство 1 + 1 и кампањи за подигнување на јавната свест.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО