Карате репрезентација: Сега не сме аутсајдери, сега сите се плашат од нас!

Selektorite so Spaseski vo ASM po SP Dzakarta

„Ние бевме хит на Светското првенство и ги покоривме големите репрезентации кои редовно освојуваат медали на шампионатите (Италија, Шпанија, Иран, Германија)“, рече тренерот на репрезентацијата во кати Златко Димоски на денешната прес-конференција по повод освојувањето на сребрениот медал на женскиот ката тим (јуниори) на Светскиот карате шампионат во Џакарта, Индонезија, за кадети, јуниори и јуниори 21.

Kata timot na piedestal na SP vo Dzakarta

„Не ми се веруваше дека сме во финале. Имав измешани чувства и како тренер и како родител. Голема благодарност до психологот Ленче Алексовска која добро ги мотивираше во Дојран. Се си има тежина во изведбата на кати, посебно во бункаито. Сигурен сум дека ќе направиме и поголеми резултати“, истакна Димоски, при што додаде: „Златниот медал требаше да биде за нас. Судиите малку и помогнаа на противничката екипа“.

Дисмоски се осврна и на настапот и на другите каташи и рече дека Абдурахим Идризи имал една победа и еден пораз, со што покажал дека и во кадетска конкуренција имаме таленти од кои очекува добри резултати на Балканското и Европксото првенство. Фери Исиќ имал пех што во клучниот момент судиите превагнале на спротивната страна, но и седмото на СП е успех за респект и дека од него може да очекуваме резултати на претстојните натпревари.

„Сега не сме аутсајдери, сега сите се плашат од нас“, констатираше тренерот на репрезентацијата Димоски.

Kata timot natprevaruvaci vo ASM po SP Indonezija

Тренерот на репрезентацијата за кадети и јуниори во борби, Александар Кузмановски, истакна дека некои каратисти настапуват прв пат на СП, но и на едно големо натпреварување, затоа смета дека максимално се искористени капацитети на сите, односно петото место на Фаик Весели и седмото место на Филип Несторовски, како и добриот настап на Петар Спасеновски.

„Треба да продолжат да работат за наредните настапи. Верувам во нив и очекувам резултати на БП, ЕП, односно да освојат медали“, нагласи Кузмановски.

Арлинд Хусеини, тренерот на репрезентацијата јуниори до 21 година, рече:„Реално сум разочаран, зашто очекував многу повеќе, бидејќи тоа се познати имиња. За ЕП во Кипар треба да работат повеќе и да се вратат со медали“.

Тој истакна дека очеувал малку повеќе од Азис Исмаил, кој имаше една победа и еден пораз, а претходно имаше добри настапи, како и од Виктор Крстевски, но тогаш не му бил денот.

Членот на Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија (КФМ), Горан Милковски, истакна дека репрезентацијата имала една незгода, однонсо на самото натпреварување на Фери Исиќ му бил украден пасошот, но балгодарејќи на индонезиските власти на нашиот каратист му е издадена патна исправа за патување.

Од друга страна, Милковски информираше дека на работната конференција на Светската карате федерација (ВКФ) се разговарало за каратето на Олимписките игри во Токио 2020 година, бидејќи го пројде првиот филтер, а уверувањето е дека во мај дефинитивно ќе биде избран овој спорт на програмата на ОИ. Истакнато е дека во моментов, според истражувањето на ВКФ и Меѓународниот олимписки комитет (МОК), кој го признава само ВКФ како карате партнер, е утврдено дека 10 милиони каратисти ќе се борат за место на Олимпијадата во Јапонија и дека 96, 8 отсто од карате спортистите се во ВКФ.

Маријана Димоска нагласи дека две години се подготвувале за СП, но дека тоа заврши и сега сите погледи се насочени кон ЕП. Нејзината сестра близначка, Мишела Димоска, е убедена дека златниот медал требало да им припадне на нив и дека судиите емотивно регаирале поради ситуацијата во Париз.

Feri isik i Petar Spasenovski so Spaseski

Фаик Весели вели дека не застанува и дека е убеден дека ќе има резултат на ЕП, додека Петар Спасеновски истакна оти имал и мала несреќа, бидејќи Германецот не се пласирал во финалето за да го повлече за репасаж, но е убеден дека на БП и ЕП ќе има подобар резултат.

„Немав многу среќа во првото коло, се сретнав со шпанскиот репрезентативец, кој ме победи со 3-2, но и ми обезбеди репасаж, кој максимално го искористив и ги победив Мексиканецот и Бразилецот, а со домашниот натпреварувач …судиите му помогнаа. Сепак очекувам подобри резултати“, изјави Исиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО