Карате репрезентација отпатува на Светското првенство во Линц-Австрија

karate-reprezentcaija-za-linc-2016

Македонската карате репрезентација во борби и кати која брои 15 члена, денеска на пладне замина на Светското првенство (СП) во Линц, Австрија, од 25 до 30 октомври, на кое се очекува да настапат над 1.300 каратисти од 118 држави.

По тој повод, директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески денеска се сретна со селекторот Петар Белистојаноски и со дел од репрезентативците на македонската сениорска карате репрезентација.

„Јас сум оптимист и поведувајќи се од искуството дека нашите каратисти во последните неколку години редовно се враќаат со трофеи од големите натпреварувања, верувам дека и сега ќе го покажат својот квалитет и ќе го продолжат трендот на успеси на големите турнири“, рече Спасески.

Оптимист е и членот на КК Металург, Мартин Несторовски, кој ќе настапи во екипна конкуренција.

„По завршените подготовки кои се одржаа во Велес, формата е на инзвонредно ниво, како кај мене, така и кај останатите репрезентативци, а од СП очекувам одличен настап и најмалку еден медал. Во екипна конкуренција каде јас ќе настапам ќе биде исклучително тешко, меѓутоа ние имаме одлична екипа, која е составена од млади, надежни, но и од искусни каратисти и верувам дека токму овој спој ќе има одличен настап и ќе се бори за медал“, вели искусниот Несторовски, кој има бронзени медали од Европското првенство и Европските игри

Спасески на прес-конференција истакна дека ова светско првенство е прво големо натпреварување откако каратето е прогласено за Олимписки спорт и ќе се најде на програмата за ЛОИ во Токио 2020 година.

Ваквите резултати, додаде, се мотив повеќе АМС да дава континуирана поддршка на Македонската карате федерација, како и дека за настапот во Линц се издвоени 600.000 денари, а за меѓународната програма и за стручната работа на федерацијатата досега се издвоени вкупно 1.840.000 денари.

Да потсетиме дека единстевниот медал на светските првенства за Македонија го освои Жарко Арсовски, бронзен медал.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО