Седум медали за џиу џицу репрезентативците на „Сараево опен“

ace-so-medalistite-na-saraevo-open-2016

Данил Николски од Осенсеи е прогласен за најуспешен борец на Меѓународниот џиу џица турнир „Сараево опен“ од страна на Македонската џиу џицу федерација, а нашите борци освоија седум медали – 1 златен, 1 сребрен и 5 бронзени.

nikolski-so-zlatniot-medal-vo-saraevo

Македонските претставници ги освоија следните медали:

 Данил Николиски – златен, Ивана Василева – сребрен, Роберт Блажев, Јаким Колевски,

Катерина Ацевска, Драгана Васиќ и Дарко Стојановски бронзени.

Огнен Цветковски на кого ова му беше прв турнир од ваков карактер, не успеа да дојде до медал, губејќи во првото коло од борец на Словенија. Сепак, неговата борба остави силен впечаток кај сите нас, Словенецот малку се намачи, а борбата заврши со резултат 8-6.

Исто така и Станислав Грпов не успеа да освои медал, иако во последната борба водесе со 12-3, поради недозволен удар на 10 секунди до крај бесе дисквалификуван.

Николиски (Осенсеи) за златниот медал извојува три победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО