Тренинг кампот во Умаг-Хрвтаска беше искористен од неколку наши тренери и каратисти да учествуваат на семинарот за тренери и да се стекнат со сертификати на Светската карате организација (ВКФ).
Тренери кои се стекнаа со акредитација од прв степен се: Мартин Несторовски, Сашко Патраклиев, Мирослава Поповска, Ветон Мурати и Таип Гафури.
Додека за втор степен полагаа: Петар Белистојаноски, Александар Кузмановски, Арлинд Хусеини, Шефи Речи, Стојан Андриевски и Симона Трајковска, а на Ивана Аврамова и беше продолжена на лиценцата.
Сертификатите имаат важност три години.
ipon.mk/В.Д.