Потврдено: На Мејведер му е одземена титулата во ВБО верзија!

Мејведери пакијао прегрнати

Се потврди информацијата на ipon.mk од пред два дена дека Флојд Мејведер ќе ја загуби титулата во велтер категорија во ВБО верзијата освоена против Мени Пакјао во мај поради неподмирени долгови кон оваа организација.

Американскиот боксер имаше рок до петокот да плати 200 илјади долари поради претходни казни, но не го сторил тоа и комитетот едногласно донел одлука титулата да му биде одземена. Место него, шампион во велтер категорија во верзијата ВБО е Тимоти Бредли Јуниор, кој минатиот месец го совлада Џеси Варгас во борба за привремената титула. Мејведер има 14 дена да се жали на одлуката, но таа најверојатно нема да биде сменета.
„Комитетот на ВБО немаше друга алтернатива освен да донесе одлука за одземање на шампионската титула на господинот Флојд Мејведер поради негово неизвршување на обврските. Тој секогаш се согласувал со нас дека боксерите имаат привилегии и обврски и дека постојат правила кои треба да се почитуваат”, се вели, меѓу другото, во соопштението од ВБО.

Мејведер и натаму е шампион во велтер и супер велтер категорија, но во верзиите ВБЦ и ВБА, а за утеха му остануваат уште над 200 милиони долари заработени од борбата со Пакјао. Можно е во септември тој да се бори со австралискиот боксер Ентони Мундин кој го предизвика на дуел. Тоа би била 49-таа, и најверојатно последна, борба за Мејведер во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО