Канело за реваншот со Мејведер: Кога ќе биде подготвен

Канело Алварез е едно од најголемите имиња во боксот, но сепак е решен да се реваншира за неговиот единствен пораз од Флојд Мејведер Јуниор.

„Отсекогаш сакав да му се реванширам, а сега сум позрел, поискусен. Тоа е средба која најверојатно ќе се случи еднаш и ќе биде навистина возбудлива“.

Канело нема пораз за првите 43 професионални мечеви. Се сретна со Мејведер во 2013 година кога направу скор 42-0-1. Нерешената средба беше со Хорхе Хуарес – петата профи борба на Канело.

Тогаш Мексиканецот не беше сосема подготвен за Мејведер, кој имаше скор 44-0. И покрај исходот од нивната средба, Канело е подготвен повторно да се соочи со легендата која се етаблира како најголема на сите времиња.

„Тоа беше многу здодевна средба. Не дојде да се бориме. Победи поради неговото искуство. Мора да работиме здраво за оваа борба. Мораме да работиме здраво, затоа што тој е борец кој не удира многу“.

Мејведер минатата година се врати на рингот за да се пресмета со ѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор. „Мани“ постигнаа победа со ТКО во десетата рунда, подобрувајќи го својот рекорд на 50-0. Тој е во процес на средба во Ризин.

Канело, исто така, последен постигна победа. Во септември го победи Генади Головкин, нанесувајќи му го првиот пораз. Првиот пат кога се бореа, во 2017 година, нивната средба заврши нерешено и многумина со нетрпение го очекуваа нивниот втор  меч, кој се одржа оваа година.

Канело вели дека во моментов се фокусира само на неговата борба со Ркоки Филдинг, закажана за 15 декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО