АктуелноБоксПрофесионален

Канело во преговори со Крис Јубенк Јуниор за борба во септември

Канело Алварез би требало да се врати во рингот во септември, а според информациите до кои дојде новинарот на ЕСПН Салвадор Родригез, противник на мексиканската боксерска ѕвезда треба да биде Крис Јубенк Јуниор.

Одличниот Мексиканец (61–2–2, 39 КО) го победи Хаиме Мунгуја во мај и оттогаш беше поврзуван со Давид Бенавидез, Теренс Крафорд, Вилијам Скул…

Канело на мечот против Јубенк Јуниор би ги бранел шампионските појаси во суперсредна категорија.

Во септември минатата година британскиот боксер со прекин во 10. рунда го совлада Лијам Смит и со тоа стигна до 33-та победа во кариерата (24 нокаути), има и три порази.

https://twitter.com/ChavaESPN/status/1808901306465333721

Доколку постигнат договор, тоа ќе биде најголемата борба во кариерата на Јубенк Јуниор, која ќе му донесе и најголем хонорар.

А Алварез се уште е на мета на критичарите бидејќи не сака да се бори со Давид Бенавидез.

Непоразениот Американец бара борба со Канело, кој досега го игнорираше секој негов повик.

Се чини дека мексиканската ѕвезда ја препознава опасноста што ја претставува Бенавидез, па засега воопшто не размислува за таа борба.

Канело веројатно не сака да ризикува премногу, па избира противници кои многу подобро му одговараат во однос на ризикот и наградата.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON