Канело пред потпишување договор за борби со Бивол и Головкин

Боксерската суперѕвезда Сол Канело Алварез треба да потпише договор за два меча со Еди Херн и неговиот Мечрум. Ова го пренесува американскиот медиум ЕСПН, додавајќи дека се работи за борби со Дмитри Бивол и Генади Головкин. Се очекува Канело и неговиот тим да соберат 85 милиони долари за двата натпревари.

Доколку договорот биде реализиран, Канело ќе мора да се пресели во полутешка категорија и да го предизвика Бивол за неговата титула во ВБА, а потоа да се врати во категоријата до 76,2 килограми за да се соочи со шампионот во супер средна категорија и неговиот поранешен противник Генади Головкин. Двата планирани датуми за овие битки се 7 мај и 17 септември, се додава во веста.

Во моментов Алварез има едно реми и една победа против казахстанскиот нокаутер Головкин. Во последното појавување во рингот мексиканската суперѕвезда го победи Калеб Плант со ТКО во единаесетата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО