Канело падна на допинг тест пред мечот со Головкин

Канело Алварез, кој се подготвува за реваншот со Генади Головкин падна допинг тестот.

Мексиканската суперѕвезда е позитивен за стероидот кленбутерол. Спортистите го користат за брзо согорување на маснотиите.

Алварез на 5 мај по вторпат треба да се бори со светскиот шампион во средната категорија.

Од неговиот тим тврдат дека причина за позитивниот резултат е контаминирано месо, а истита причина за нивните позитивни тестови во минатото ја наведоа  и Мексиканците Ерик Моралес и Франциско Варгас. Се работи за минимална количина клебутерол и таа е препишана на конзумирањето на месо, а за пример и Американската анти-допинг агенција УСАДА наведува можност за таков случај.

Канело се подготвува во Мексико, Гвадалахара, а неговата промоција Голден бој објави дека по овие информации боксерот гопреселува кампот за тренинг во Соединетите Американски Држави, Сан Диего, и со тоа дава до знаеење дека натпреварот закажан за 5 мај нема да се откаже, а боксерите ќе ги тестира ВАДА .

„Јас сум спортист кој го почитува овој спорт и ова ме изненадува и измачува, бидејќи ништо такво пред тоа не се случило. Ќе ги поминам сите тестови кои ќе ги побараат, за да се расчисти оваа срамна ситуација и верувам дека вистината на крај ќе преовлада“, изјави Канело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО