Канело ќе се бори со Бивол веднаш по мечот со Головкин

Промоторот Еди Херн го најави следниот предизвик на Сoл Алварез-Канело. Британскиот менаџер го договори долгоочекуваниот трет судир меѓу црвенокосиот боксер и Генади Головкин за оваа есен, а потоа Мексиканецот ќе ги одмери силите со Дмитри Бивол.

Токму од него Канело доживеа изненадувачки пораз во последниот настап во рингот.

„Луѓето го критикуваат Канело затоа што му завидуваат. Сака да биде одличен, не одбива борба поради тежок противник и неудобна тежина“, започна Еди.

„Каков е овој спорт, каде што се критикувани борците оти не одбиваат тешки натпревари? Канело ги победи сите во средна категорија. Потоа сите во суперсредна и сега бара нешто различно. Постојано слушам како тоа беше голема грешка и не требаше да го направи тоа. Како да сакаме да гледаме досадни натпревари во полесната дивизија“.

„Имам целосна почит кон овој човек. Тој само сака да биде одличен. Сега ќе бори со Генади Головкин и веднаш потоа се упатува на реваншот со Бивол. Ако го победи, што правиме? Го прогласуваме за најголем?“, емотивно заврши Херн.

Борбата меѓу Алварез и Головкин е закажана за 17 септември во Лас Вегас. Така, пресметката со Бивол треба да се случи на почетокот на 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО