Адесања го коментираше поразот на Шон: Се однесуваше како идиот од последната клупа, требаше да ме послуша

Шон Стрикленд привлече големо внимание со настапот на прес-конференцијата, неколку дена пред мечот против Алекс Переира.

Американскиот борец на прес-конференцијата не го поштеди Израел Адесања, кој двапати загуби од Бразилецот во текот на неговата кик-бокс кариера. А истото се случи и со Стрикленд на настанот УФЦ 276.

Алекс Переира го нокаутира Американецот во првата рунда и по три победи во УФЦ, најверојатно, ќе добие шанса да се бори за појасот против Изи.

„Требаше да ме послуша. Му велев да се фокусира на него, не на мене. Се однесуваше како идиот од последната клупа. Тоа ме налути, не ми се допадна што морав да се расправам со него“, рекол Израел Адесања и продолжил:

„Се обидов да си ја работам работата и ме интересира само Канониер. И тој идиот постојано ми сметаше. Но, ако Стрикленд го направеше тоа што му го кажав, верувам дека до сега ќе договореа борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО