Сол алварез – Канело во никој случај не сака дуелот со Генади Головкин да стигне до судиска одлука.
Головкин 89 отсто од своите противници ги победил со нокаут, но Алварез не е само мотивиран да стане првиот борец кој го победил ГГГ, туку, тоа да го направи со нокаут.
„Очигледно е дека ова е многу важен дуел. Подготвен сум да барам нокаут. Затоа сум задоволен. Мотивирани сум и ќе прикажам на навивачите одлично шоу и одговори на многу прашања. Ќе го видат тоа овој викенд.
Тој е агресивен борец кој пресира и сака да те нокаутира. А јас се борам со контранапад и тој ќе разбере. Овие две работи се совршени за спектакуларни борби“.