Во сабота од Штип тргнува Првата бокс лига

Во сабота (16 септември) стартуваат Првата и Младинската лига во бокс на Македонија. Првото коло ќе се одржи во Штип, а организатор е БК Баргала.

Мерењето е во хотел „Ваго“ од 9:30 – 10:30 часот, борбите ќе се одржат во спортската сала на ОУ „Тошо Арсов“ со почеток во14 часот.

На натпреварите од Првата лига и Младинска лига во бокс ќе се реализира во следните возрасни категории:

– кадети родени 2001 и 2002 год.

– јуниор родени 1999 и 2000 год.

– сениор родени 1977 и 1998 год.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО