Лазаревски делегат на СП во таеквондо на ИТФ во Северна Кореа

На Светско првенство во таеквондо на ИТФ сениори во Пјонг Јанг, Северна Кореа, од 15 до 21 септември Македонија ќе ја претсатвува само претседателот на македонската ИТФ, Марјанчо Лазаревски, како делегат на Интернационалната таеквондо федерација.

Според правилата на ИТФ, е задолжително е на секое светско првенство да има делегат од секоја држава. Лазаревски истакнува дека ова е знак оти нашата федерација добро котира на светско ниво со тоа има делегат на СП.

„Требаше да носам и двајца натпреварувачи на ова Светско првенство, но, за жал, немаше авионски билети  за Пјонг Јанг. Поради задолжителното присуство на еден делагат од држава, бугарската ИТФ Таеквондо Федерација обезбеди еден авионски билет за мене“, вели Лазаревски, кој е поранешен светски вицешампион од Прага 1996 година.

И на ова СП може да се очекува средба на челниците на ИТФ и ВТФ (олимпиското таеквондо) за обединувањето на овие две организации.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО