Канело и Џејкобс за малку ќе се испотепаа (ВИДЕО)

Во сабота навечер спрема недела по македонско време во Лас Вегас се одржува борбата за обединување на титулите светски шампион во средна категорија.

Првакот на ВБА и ВБЦ Сол Алварез (51-1-2, 35 KO) во Т-Мобиле арена се бори со шампионот на ИБФ, Даниел Џејкобс (35-2, 29 КО), а беше жестоко на мерењето.

По туркањето со главите Алварез ги истурка Џејкобс и мораше да ги раздвојуваат.

28-годишниот Канело тежеше 72,3 килогхрами, а четири години постариот Американец 72,6 кг.

17 часа по официјалното мерење повторно ќе мора да се мерат. На утринското мерење не смеат да бидат потешки од 77,1 килограм. Тимот на Канело инсистираше на оваа клаузула.

Мексиканцот за оваа борба се враќа во средна категорија. Во последното влегување во рингот во декември, во Њујорк, во третата рунда го нокаутира Роки Филдинг и ја освои „регулрната“ титула на ВБА во суперсредна категорија.

Џејкобс во последната борба го победи Серхи Деревјанченко со поделена одлука во октомври минатата година и ја освои слободната титула на ИБФ која претходно му беше одземена на Генади Головкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО