Еди Херн призна: Владимир Кличко преговара со ДАЗН

Легендарниот поранешен шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, може да се врати во рингот.

Во 2015 Кличко по девет години ги загуби титулите, 7 месеци и 8 дена без пораз, успевајќи да ги одбрани 19 пати. Тој е поразен со одлука на судиите од Тајсон Фјури. Кличко се врати во рингот во 2017 година и се обиде повторно да стане шампион, но загуби со нокаут од Ентони Џошуа во 11-тата рунда и истата година се повлече од боксот. Се почесто се пуштаа гласини се дека Владимир ќе се врати и Еди Херен потврди дека во моментов преговара со ДАЗН.

„Мислам дека во мемнтов сериозно размислува за враќање. Но, сега ништо не се случува. ДАЗН преговара со него. Ќе ни биде мило ако се врати. Го сакам Кличко. Мислам дека тој е одличен, но ќе видиме дали ќе прифати“.

https://twitter.com/theusapost21/status/1124221436900540418?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fboks-novini%2Feddie-hearn-prizna-che-wladimir-klitschko-pregovarya-s-dazn-

Неодамна Витали Кличко изјави дека имал сериозен разговор со својот брат Владимир кој му рекол дека е подготвен да се врати на рингот, ако му понудат 100 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО