Канело го нокаутираше Смит и го обвини Головкин (ВИДЕО)

kanelo-smit

Сол Алварез (01/01/48, 34 КО) повторно стана светски шампион во средна категорија.

26-годишниот Мексиканец пред 51.240 гледачи на стадионот во Арлингтон, Тексас, го нокаутираше Британецот Лиам Смит (01/01/23, 13 КО) и му ја зеде ВБО титулата, а и му го нанесе првиот пораз во кариерата.

По борбата неизбежна беше тема за борбата со Генадиј Головкин, поради што и се откажа од ВБЦ титулата во средна категорија.

„Не се плашам од никого. Можеби на некого тоа и не му се допаѓа, но јас сум најдобар боксер во светот. Пред еден месец на Головкин 2-3 пати му понудивме повеќе пари за да прифати борба. Не реков ништо, бидејќи го почитувам противникот. Но, му понудивме 2 -3 пати повеќе. Ние сме подготвени, тој не сакаше да го прифати мечот“, изјави Мексиканецот веднаш по битката.

Канело на пат до победата три пати го соборуваше Смит, а во втората рунда ја повреди раката. По комбинација во глава и тело во седмата рунда Смит за прв пат во кариерате се најде на подот. Канело и по втор пат го уриваше во осмата со силно кроше во телото, пред да го погоди со уште еден удар во телото во деветата рунда, по што Смит се урна во болка.

Во воведниот дел од програмата, Вили Монро (21-2, 6 КО) со едногласна одлука на судиите го победи Габриел Росада (23-10, 13 КО). Мечот е бодуван 117-111, 116-112 и 118-110.

https://youtu.be/6A-HmpxAScI

https://youtu.be/z3TFF-mMkWg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО