Кандидат за „нокаут на годината“ од САД (ВИДЕО)

Американецот Габриел Росадо сигурно ќе се сети на освојувањето на титулата американски континентален ВБА првак и слободниот меѓународен појас на ВБО во супер средна категорија.

35-годишниот боксер го доби мечот против фаворитот Бектемир Меликузиев од Узбекистан, кој го претрпе првиот пораз во профи рингот.

Росадо не само што победи, туку и го направи тоа со еден од најжестоките нокаути во годината и во последно време. Сè заврши за Узбекистанецот во третата рунда, кога агресивниот Меликузиев беше пречекан со десен контраудар точно во брадата.

Обратниот гард на Узбекистанецот не претставуваше голем проблем за Росадо, кој го одбра вистинскиот момент и го казни нискиот гардр на противникот. Чистиот и солиден удар веднаш го сруши Бектемир на подот, а публиката во Ел Пасо избувна со извици и аплаузи за американскиот херој.

Триумфот на Росадо е уште посладок, со оглед на нокдаунот во кој беше испратен во првата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО