Камару Усман: Хорхе Масвидал е добар, но пак ќе го победам

Камару Усман верува дека може повторно да го победи Хорхе Масвидал. Викендов ќе гледаме реванш меѓу нив за титулата во полусредна категорија. На Флорида тие ќе борат пред полна сала со навивачи.

Пред една година, нигерискиот шампион доминираше во Абу Даби и со одлука на судиите го совлада Масвидал. Сепак, Хорхе се правдаше дека немал време да тренира затоа што ја прифати битката со најавување од една недела. Ова му донесе непосреден реванш, а „Најлошото копиле“ во УФЦ верува дека ќе победи.

Кон средината на февруари, Усман го нокаутира Жилберт Барнс и ја одбрани титулата по трет пат. Сега е време за нова одбрана и Усман е подготвен да победи по втор пат.

„Безобразно е Хорхе Масвидал да тврди дека сум кукавица. Му давам втора последователна шанса за титулата. Заработува многу пари и се бори на големата сцена. Два пати по ред добива шанса да се бори за појасот. Претерување е да каже такво нешто за мене.

На крајот на краиштата, никогаш не сум ги негирал неговите достигнувања. Тој е добар борец. Масвидал е навистина добар борец. Отсекогаш сум го почитувал. Сепак, јас сум подобар борец. Сите други се добри, но јас сум елита. Ќе мора повторно да влеземе во кафезот и повторно ќе го поразам“, вели Усман.

https://www.youtube.com/watch?v=uSP0_bklbcY&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО