Камару: Ќе го нокаутирам Канело во септември

Светскиот шампион на УФЦ во полусредна категорија Камару Усман се закани дека ќе ги шокира сите и во боксерски меч ќе го нокаутира Канело Алварез. Нигерискиот кошмар ќе ја брани титулата во јули против Леон Едвардс, по што планира да се соочи со најдобриот боксер на планетата.

„Ќе го шокирам светот оваа година. Ќе се борам со Едвардс во јули. Со Божја помош ќе поминам низ тоа и во септември кога Мексико ќе ја слави својата независност ќе го сопрам Канело Алварез“, направи план Камару.

Големата ѕвезда на УФЦ има многу голема самодоверба, особено во боксерските вештини. Тој е убеден дека ќе биде човекот кој прв ќе го нокаутира Алварез во боксерскиот ринг.

„Дефинитивно се гледам себеси како победник на овој меч. Ништо не е невозможно додека не се направи“, додаде Усман.

Сепак, неговата теза за меч со Канело изгледа доста тешка за спроведување. Алварез веќе најави дека оваа година ќе одржи два меча. Првиот е на 7 мај напад на титулата во полутешка категорија на ВБА, Дмитри Бивол. Со победа и успех на Генади Головкин, двајцата треба да се сретнат на крајот на летото. Ова го прави неверојатен евентуален меч меѓу него и Усман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО