Масвидал во Топ 3 по пари во УФЦ

Хорхе Масвидал потпиша нов договор со УФЦ, со што стана трет најплатен борец во организацијата. Тој лично се пофали со договорот потпишан непосредно пред бorbата со Колби Ковингтон.

Масвидал, кој ја освои титулата „Најлошото копиле“ во кафезот, во недела рано наутро, по македонско време, ќе се соочи со еден од своите најголеми противници. Тие ја предводат гала вечерта во Лас Вегас, а нивниот меч е во полусредна категорија.

Менаџерот на Хорхе, Малки Кава, на социјалните мрежи објави дека договорот ќе го направи неговиот борец еден од најплатените во организацијата. Со оглед на тоа што Адесања неодамна потпиша за најмалку 1 милион долари годишно, а слична сума добива и Конор Мек Грегор, веројатно е дека Масвидал ќе биде во овој опсег.

„Новиот договор го става Хорхе во Топ 3 за најплатени борци во УФЦ. Добра тимска работа! Им благодариме на УФЦ, а особено на Хантер Кембел, за она што е направено според овој договор“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО