Нов тежок удар за рускиот спорт

Меѓународната боречка федерација стана уште една организација која му задава тежок удар на рускиот спорт. По руската инвазија на Украина и избувнувањето на војната пред една недела, стана извесно дека голем број други спортски фигури ќе настрадаат од постапките на претседателот Владимир Путин.

Руските и белоруските борачи нема да имаат право на учество на меѓународни натпревари под покровителство на федерацијата. Покрај тоа, на двете земји им беше забрането да бидат домаќини на турнири оваа година.

Одлуката е донесена по препораките на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во врска со сето она што се случува на територијата на Украина. Од светската централа напоменуваат дека ќе продолжат да ја следат ситуацијата.

Потсетуваме, во средата беше објавено дека руски и белоруски борачи нема да учествуваат на Европското првенство во Пловдив, Бугарија. Причината што тогаш беше посочена беше поврзана со безбедносните мерки и комплицираната транзиција што треба да ја направат, со оглед на забраната за слетување на руски авиони на бугарска територија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО