Калум со поделена одлука ја одбрани шампионската титула (ВИДЕО)

Калум Смит (27-0, 19 КО) со судиска одлука на домашен терен втор пат ја одбрани титулата ВБА „супер“ шампион восупер средна категорија.

29-годишниот Британец пред своите навивачи во Ливерпул со едногласна одлука го порази две годишни постариот сонародник Џон Рајдер (28-5, 16 КО).

Судиите мечот го бодуваа 117-111, 116-112, 116-112.

Смит ја освои титулата со нокаутот против Џорџ Гроувс во финалето на минатогодишниот турнир ВБСС/WBSS во Саудиска Арабија. Во првата одбрана на титулата во воведниот дел на Џошуа против Руиз во јуни со прекин во третата рунда го победи поранешниот светски шампион во средна категорија, Хасан Н’Дама.

https://www.youtube.com/watch?v=E30CwSfqeu0&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО