Братот на Вајлдер нокаутиран пред неговиот меч со Ортиз (ВИДЕО)

Во воведниот дел на Вајлдер – Ортиз 2 во Лас Вегас боксираше и помладиот брат на Дионтеј Вајлдер, Марселос (5-2-1НЦ, 2 КО).

Марселос Вајлдер (30) во својот осми профи меч по втор пат е нокаутиран.

37-годишниот Дастин Лонг (3-1-2, 3 КО), кој е и ММА борец со скор 7-6, го нокаутира помладиот Вајлдер во мечот во леснотешка категорија со лево кроше во четвртата рунда.

Марселос професионалната кариера ја почна во мај минатата година. По три стартни победи во јануари загуби со прекин од Вилијам Детс (8-14, 3 КО).

Потоа нанижа уште три победи од кои првата беше постигната со нокаут во март на стадионот во Арлигтон во воведниот дел на Спенс – Гарсија против Марк Санчез (0-2-1НЦ) која беше поништена откако беше позитивен на допинг тестот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО