Како на филм: Грогиран, не знаеше каде е, со два директи го нокаутира противникот што му се смееше

На бокс мечевите се и сешто се случува и затоа се крајно возбудливи и неизвесни до саматиот крај. Но најлошо е кога ќе го потцениш противникот, па дури и во ситуација кога изгледа дека е немоќен да направи што и да било.

Сабри Седири двапати го собори Сем Максвел на подот и во последната рунда влезе со огромна предност, но во моменти кога почна да се потсмева со противникот и да потскокнува во рингот, доби животна лекција за паметење. На десет секунди пред крајот на последната рунда, грогираниот Максвел зададе два силни директи со левата и десната рака, удари со кои го патосираше противникот и со кој извојува драматична победа како на филм.

Овој потег на Максвел експресно стана вирален хит меѓу бокс друштвото, па во изминативе часови неговиот херојски нокаут е апсолутна сензација на социјалните мрежи.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО